Тројца од шестмината кои синоќа беа повредени во оружениот инцидент во Малме им подлегнале на повредите, пренесоа западните информативни агенции.
Другите тројца се хоспитализирани, а еден од нив се наоѓа во критична состојба.
Според сведоците на кои се повикуваат агенциите, непознат напаѓач отворил оган врз луѓето кои излегувале од интернет-кафе.
Полицијата соопшти дека се испукани десетина куршуми и дека се трага по црно возило.