Пратениците на координација, па на седница за Договорот со Грција

Противниците на Договорот со Грција почнаа да се собираат за протестот закажан пред Собранието

Пратениците пристигнаа во Собранието каде за 11 часот е закажана 51. седница со единствена точка на дневен ред Предлог-закон за ратификација на Договорот со Грција за името.

СДСМ уште вчера ги завршил координациите, а последните договори на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се во тек. Пратеници од оваа партија наведуваат дека тие ќе присуствуваат на седницата, но дека ќе бараат Предлог-законот за ратификација на Договорот да биде разгледуван на Комисијата за надворешни работи, а не како што е сега предвидено на Комисијата за европски прашања.

За во 11 часот пред зградата на Парламентот е најавен нов протест на граѓани кои се против Договорот за името со Грција, кои во моментов се собираат пред Парламентот.