Турски војници од денеска патролираат во сирискиот град Манбиџ

Мевљут Чавушоглу

Турски војници почнаа да патролираат во северниот сириски град Манбиџ, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу. Тој истакна дека турските сили ќе навлезат во градот чекор по чекор. Чавушоглу додаде дека Манбиџ ќе биде прочистен од борците од редовите на сириските курдски Сили за заштита на народот (СЗН) и Курдската работничка партија, колку е можно побрзо.

Турски војници навлегоа денеска во предградијата на градот во согласност со договорот за Манбиџ, постигнат со САД. САД и Турција неодамна одобрија Документ со кој се предвидува повлекување на СЗН од градот, како и распоредување на турски и американски сили во реонот со цел да се осигури безбедноста на Манбиџ.