„Зери“: САД и Германија велат дека за косовска војска мора уставни измени

Косово сака Косовските безбедносни сили (КСФ) да се трансформираат во воени сили

Амбасадите на САД и на Германија велат дека за трансформација на Косовските безбедносни сили во Косовски вооружени сили се неопходни уставни измени, објави косовскиот весник „Зери“.

Според „Зери“, Американската амбасада во Приштина соопштила дека ја поддржува трансформацијата, но наведува дека тоа мора да се направи преку уставни измени.

Истиот став, според косовскиот весник, го изнела и Германската амбасада во Приштина, која соопштила дека „за тој процес е потребна и поддршката на НАТО“.