СЕММ против злоупотреба на медиумите за пренесување повици за радикализација

Илустрација

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска апелираше дека медиумите не смеат да бидат злоупотребени за пренесување повици за обединување поединци и групи за радикално однесување и постапки кои го загрозуваат јавниот ред и мир во општеството.

Оваа реакција, според нив, е поради зачестените случаи на ширење шпекулации, еднострано известување и невистини преку некои медиуми, особено во контекст на сегашната политичка ситуација и по потпишувањето на договорот за името со Грција.