Временска прогноза - Сончево, попладне дожд и грмежи

Илустрација

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно, со локален дожд и грмежи. Ќе дува повремено засилен северен ветер.

Температурата ќе се движи од 18 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува седум.

Во Скопје слично време, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно, со локален дожд и грмежи. Ќе дува повремено засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 29 степени.

В понеделник ќе дува засилен ветер, а поголема нестабилност ќе има во западните делови, со пороен дожд, грмежи и северен ветер. Во вторник повторно се очекуваат поројни врнежи, но условите за нестабилност ќе бидат помали, а во среда и четврток да биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат во пораст, освен во вторник кога времето ќе биде за неколку степени посвежо.