Последни подготовки за потпишувањето на договорот за името во Преспа

Министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров во Охрид на 12 април 2018

Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, заедно со медијаторот Метју Нимиц, претпладнево во Преспа под зајакнати безбедни мерки и во присуство на високи претставници на меѓународната заедница треба да ги стават своите потписи на договорот меѓу двете земји за конечно решавање на спорот за името, со кој е предвидено ерга омнес име за земјава, Република Северна Македонија. Јазикот е признаен како македонски, а државјанството како македонско/на Република Северна Македонија.

На потпишувањето во Псарадес на грчка страна од Преспанското Езеро, ќе присустуваат премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. Потоа, делегациите на двете земји ќе поминат на македонска страна од границата, во Отешево, каде што ќе се одржи свечениот ручек.