Коѕијас: Договорот е патриотски и во минатото прифатливо било Северна Македонија

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас за време на расправата за гласање недоверба на владата во своето обраќање пред Парламентот порача дека договорот за името е патриотски и помага да се концентрираат силите каде што има проблем. Коѕијас објасни дека направен е компромис во решението, бидејќи „само ако победиш во војна, тогаш има договор без компромис“.

Тој рече и дека добил дозвола да бидат искористени документите од досегашните преговори за името. Според него, сите имиња освен Северна Македонија, биле отфрлени од грчките влади во минатото.

Константинос Мицотакис рекол дека тоа име може да е исходот што се бара, а министерка за надворешни работи во 2009 година, Дора Бакојани, во одговор до Нимиц, како што наведе Коѕијас, посочила дека „секако вреди да се продолжат преговорите за тоа име“.