Ѕанакопулос: Конечно се најдоа двајца лидери кои ставаат крај на спорот

Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас на средба во мај, годинава

„Конечно се најдоа двајца лидери со малку мозок во нивните глави за да стават конечен крај на спорот“, рече портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во говорот за време на расправата во грчкиот парламент.

Според него, со договорот, се затвора векот на големи идеи, на национализми, на екстремизми и ескалации. Во однос на ставовите на опозициите во двете земји, тој порача дека доколку се споредат изјавите на ВМРО-ДПМНЕ и Нова демократија, тие се идентични.