Договорот за името ќе се потпише во Псарадес, средба во Отешево

Прес-конференција на министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров во Скопје во март, годинава

Од Владата денеска соопштија дека министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас утре во Псарадес во Грција ќе го потпишат конечниот договор за решавање на спорот за името и за стратегиско партнерство меѓу двете земји. Церемонијата е предвидено да започне во 10 и 40 часот по локално време.

На настанот ќе присуствуваат и ќе имаат свое обраќање премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Заедничкиот ручек и средба на делегациите на Македонија и на Грција, како што наведуваат од Владата ќе се одржи во Отешево.