Бејли: Договорот за името нов почеток за Македонија

Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли

Американскиот амбасадор Џес Бејли за време на неговото обраќање при промовирањето на новата генерација на апсолвенти на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово порача дека е оптимист за иднината на Македонија.

„Ова е нов почеток за Универзитетот бидејќи професор Абдулменаф Беџети ќе ја преземе функцијата ректор, а професорот Замир Дика ќе започне нова фаза во својата истакната кариера. Општо земено тоа е момент на нови почетоци за Република Македонија бидејќи премиерите Заев и Ципрас ќе се состанат во Преспа за да го потпишат договорот за решавање на спорот за името што го попречуваше напредокот на земјата кон НАТО и ЕУ. Јас сум оптимист и за иднината на УЈИЕ и за Македонија како земја“, истакна Бејли.

На свеченоста присуствуваа и амбасадорот на Словенија, Милан Јазбец и министерот за образование и наука Арбр Адеми.