САД предупредуваат на терористички напади на светското првенство во Русија

Зградата на Стејт Департментот во САД

Американскиот Стејт Департмент предупредува на терористички напади за време на светското фудбалско првенство кое се одржува во Русија, но не посочува некоја конкретна закана. Во предупредување до патниците издадено доцна синоќа Стејт Департментот ги повикува американските граѓани да го преиспитаат патувањето во Русија поради заканата од тероризам како и вознемирување и изнудување од страна на руските власти.

„Големите меѓународни настани како светското првенство претставуваат атрактивна цел за терористите. Иако безбедноста на првенството ќе биде зајакната, терористите може да бараат цели за напади на локации како стадионите или местата за навивачите и други јавни површини“, се наведува во соопштението.