СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ бара зрелост и поддршка за договорот за името

Седиштето на СДСМ

Од СДСМ денеска соопштија дека ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже зрелост и одговорност и да го поддржи договорот за името, кој според партијата, е во согласност со државните и националните интереси и со кој се става крај на 25 годишниот спор што ја туркал Македонија надолу.

„Договорот ниту е штетен ниту пак е удар врз правото на самоопределување како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ. Сосема спротивно, договорот го гарантира и го зајакнува македонскиот идентитет и никој повеќе нема да го оспорува или негира. Македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка, обезбедено еднаш засекогаш“, наведуваат од СДСМ.