САД го напуштаат Советот за човекови права на ОН?

Логото на Советот за човекови права на ОН

Американски медиуми тврдат дека САД се подготвени да се откажат од Советот за човекови права на ОН поради тоа што сметаат оти организацијата е против Израел. САД се жалеа оти Израел е единствената земја во светот за која се расправа на секоја седница на советот, при што дипломати и Вашингтон се откажале од обидите да прекине таквата пракса.

Никогаш во 12 годишната пракса на Советот за човекови права кој има задача да ги истражува злоупотребите и прекршувањата на човековите права една членка доброволно не ја напуштила организацијата. Советот кој има 47 земји членки ја отвора втората седница на 18 јуни.