Силите предводени од Саудиска Арабија заземале клучен аеродром во Јемен

Мапа на Јемен со акцент на пристанишниот град Ходеида

Јеменските власти соопштија дека војската поддржана од коалицијата предводена од Саудиска Арабија го заземала аеродромот во пристанишниот град Ходеида кој е под контрола на бунтовниците. Според властите, технички тимови сега се обидуват да ги отстранат мините оставени од страна на шиитските милитанти Хути.

Се уште нема реакција од бунтовниците. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија ги обвини Хутите дека го користат пристаништето во градот за криумчарење на иранско оружје. Техеран и бунтовниците ги негираа таквите тврдења.