Протест пред Собрание- поддршка за Иванов и оставка од Владата

Скопје-протест против договорот за името со Грција, 15.06.2018

Неколку стотини луѓе вечерва се собраа пред Собранието во Скопје на протест против договорот за решавање на проблемот за името меѓу Македонија и Грција. Извикуваа “поддршка за Иванов”, “ оставка од владата” и побараа да нема референдум за името. Насобраните ја блокираа и крстосницата во близина на Собранието, а најавија дека блокадите ќе продолжат.

Протестите пред собранието почнаа откако премиерот Зоран Заев објави дека е постигнат договор за решавање на спорот за името со Грција. В недела, според најавите од владата, во Преспа министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе го потпишат договорот, на церемонија која ќе се одвива на грчка и на македонска територија, а на која присуствуваат и премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас.