„Пресе“: Австрија преговара за сместување мигранти во Западен Балкан

Виенскиот весник „Пресе“ објави дека „австриската Влада преговара со земјите од Западен Балкан за отворање центри за протерување на илегални мигранти“.

Весникот тврди дека Виена „веќе преговара со Скопје, Белград, Тирана и Приштина за отворање кампови за протерување на лицата кои во Австрија добиле негативен одговор на барањата за добивање азил, а кои пристигнале преку балканската рута“.

Тие лица, според „Пресе“, треба да бидат времено сместени во некоја „помалку атрактивна земја“ за мигрантите, а дека „земјите од Западен Балкан за возврат бараат пари, а Виена моментно ги разгледува и правните можности“.