Професорот од Универзитетот во Грац и координатор на Европската советодавна група за Балканот, Флоријан Бибер, оценува дека договорот меѓу Атина и Скопје е „добар компромис, но неговата примена ќе биде тешка поради силниот отпор на националистите и слабоста на двете влади“.
Бибер, во интервју за „Европски Западен Балкан“, вели дека за реализирање на договорот и за „смирување на националистите од двете страни“ може да помогне Европската народна партија (ЕПП).
Надворешните фактори можат да помогнат, но може да помогне и ЕПП со тоа што може да изврши притисок на своите членки Нова демократија и ВМРО-ДПМНЕ да заземат проевропска линија, со што ќе се заврши спорот“, вели Бибер во интервјуто.