Катимерини - Потпишување в недела, сведоци Столтенберг и Нимиц

Столтенберг и Заев на заедничката прес-конференција при посетата на Македонија во јануари годинава

Грчкиот весник „Катимерини“ објави дека договорот меѓу Македонија и Грција ќе се потпише во недела во Преспа, на македонска територија, и дека, неофицијално, сведок на потпишувањето, покрај медијаторот Метју Нимиц, ќе биде и првиот човек на НАТО Јенс Столтенберг.

„Во Преспа, покрај премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас и шефовите на дипломатиите Никола Димитров и Никос Коѕијас, ќе биде и медијаторот од ОН, Метју Нимиц, а на потпишувањето се очекува да бидат присутни и првиот човек на ОН, Антонио Гутереш и шефицата на европската надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини“, објавија дел од грчките медиуми.