Помпео: Санкциите остануваат се додека Јужна Кореја не се денуклеаризира

Државниот секретар Мајк Помопео со негивите колеги од Јужна Кореја и Јапонија, Канг Кјунг Ва и Таро Коно

Нема да има олеснување на санкциите за Северна Кореја се до нејзината целосна денуклеаризација, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео во Сеул, јави новинакста агенција АП.

Помпео беше во Јужна Кореја за да го информира јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин за резултатите од историскиот самит помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Помпео, на прес-конференцијата со неговите колеги од Јужна Кореја и Јапонија, Канг Кјунг Ва и Таро Коно, рече дека Северна Кореја ја сфатила потребата од "брз процес на денуклеарија“.