Средби за името, Трамп вели спијте мирно, Меј бара поостро со Русија, Следниот Мундијал во три земји...

МАКЕДОНИЈА - Имаме обврска да им овозможиме на граѓаните на Македонија да го остварат демократското право и да добијат шанса да го дадат своето мислење во однос на договорот за решението на спорот за името, рекол премиерот Зоран Заев на средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, соопшти владината прес-служба.

МАКЕДОНИЈА - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со премиерот Зоран Заев, изјави дека и понатаму останува на ставот дека тие нема да бидат дел од, како што рече, капитулацијата на Македонија со договорот на Заев и Ципрас.

МАКЕДОНИЈА - Премиерот Зоран Заев и шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска му го доставија договорот за решение за спорот со името на претседателот Ѓорге Иванов. Состанокот траел две минути, бидејќи иванов ја прекинал и ја напуштил средбата, соопшти Владата.

МАКЕДОНИЈА - Нема да поддржам и да потпишам ваков штетен текст на договор, изјави претседателот Ѓорге Иванов во неговото обраќање откако премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димотров му го доставија договорот за името меѓу Македонија и Грција.

МАКЕДОНИЈА - Тригодишна казна затвор за Стојан Павлевски и една година и два месеци за Цејо Георгиевски изрече Кривичниот суд за нападот врз пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април минатата година. Тоа се првите две пресуди од овој случај.

МАКЕДОНИЈА - Со официјализирање на соработката со Универзитетската клиника Јохан Волфганг Гете од Франкфурт, на пациентите ќе им овозможиме неопходните кардиохируршки интервенции да ги добиваат на клиниката за кардиохирургија во Скопје. Процедурите ќе ги изведуваат нашите доктори заедно со кардиохирурзите од Универзитетската клиника во Франкфурт, изјави министерот за здравство венко Филипче, кој е дел од владината делегација која беше во посета на Клиниката Гете.

ГРЦИЈА - Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија, организаторите на протестите низ цела Грција за одбрана на името Македонија, преку социјалните мрежи и преку грчките медиуми најавуват дека на денот кога Македонија и Грција ќе го потпишуваат договорот во Преспа, најверојатно во сабота, тие ќе одржат протест.

САД - Северна Кореја веќе не е нуклеарна закана. Спијте мирно вечерва, објави на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп.

НОРВЕШКА - Норвешка ќе побара од САД да го удвојат бројот на американските маринци стационирани во таа земја. Ваквиот потег, според оценките на посматрачите, би можело да ги зголеми тензиите со соседна Русија.

РУСИЈА - Официјална Москва смета дека новиот план на НАТО за засилување на борбената подготвеност во Европа ќе ја влоши безбедноста на континентот и дека Москва ќе го има на ум тоа во своите воени планови, објави новинската агенција Интерфакс

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Британската премиерка Тереза Меј во британскиот Парламент изјави дека на претстојниот Самит на ЕУ, кон крајот на месецов, ќе бара да се засилат санкциите против Русија.

АВСТРИЈА - Австрискиот канцелар Себастијан Курц најави формирање на т.н оска меѓу министрите за внатрешни работи на Австрија, Германија и Италија во борба против илегалната миграција.

КОСОВО - Јелена Бонтиќ, пратеничка на Српската листа во Собранието на Косово, е на чело на листата на најбогатите личности во косовските институции, со пријавени 56 милиони евра заштеда во банка.

РУСИЈА - ФИФА на Конгресот во Москва одлучи Светското фудбалско првенство во 2026 година заеднички да го организираат Канада, Мексико и САД. Кандидат беше и Мароко.