Трамп: Спијте мирно, нема веќе нуклеарна закана од Северна Кореја

Сега сите може да се чувствуваат многу побезбедно отколку оној ден кога ја презедов функцијата. Нема веќе нуклеарна закана од Северна Кореја. Состанокот со Ким Џонг Ун беше интересно и многу позитивно искуство. Северна Кореја има силен потенцијал за иднината, напиша на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп по Самитот во Сингапур.

„Претседателот Обама рече дека Северна Кореја е наш најголем и најопасен проблем. Веќе не е. Спијте мирно вечерва“, стои во објавата на американскиот претседател на неговиот профил на Твитер.