Лавров: Се надевам дека договорот е во интерес и на Македонија и на Грција

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изрази надеж дека договорот за новото име на Македонија ќе биде во интерес на Атина и на Скопје и дека ќе го подржат граѓаните и на двете држави, објави МИА, повикувајќи се на агенцијата Спутник од Белград.

„Секогаш нагласувавме дека се залагаме за пронаоѓање договор за тој проблем, без мешање однадвор, без поставување на одредени вештачки услови. Говоревме дека ќе го поддржиме решението кое ќе биде во интерес на Грција и на Македонија и кое ќе има широка народна подршка. Се надевам дека договорот кој вчера беше објавен е токму таков“, изјави Лавров на прес-конференцијата во Москва со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, кој е во официјална посета на Русија.