СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржи македонската иднина

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да не ја кочат, туку да дадат поддршка на македонската иднина, реагираше владејачката СДСМ по прес-конференцијата на најголемата опозициска партија на која нејзиниот лидер рече дека „договорот со Грција е капитулација и предавство за Македонија“.

„Решението на спорот што цели 25 години ја влечеше Македонија наназад ги брани врвните државни и национални интереси, го зачувува и го зајакнува македонскиот идентитет еднаш - засекогаш. Целиот демократски свет, САД, ЕУ, НАТО, Велика Британија, Австрија, Бугарија, упатува честитки за постигнатиот договор и го поздравува лидерството на двете земји. Во интерес на граѓаните е и ВМРО-ДПМНЕ, како и сите политички субјекти во земјава да се обединат околу врвните државни и национални приоритети“, стои во реакцијата на СДСМ.