Кремљ: Нуклеарната програма на Пјонгјанг не се решава за еден час

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков со премиерот Дмитри Медведев и претседателот Владимир Путин

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека средбата на Доналд Трамп и Ким Џонг Ун покажала оти рускиот претседател Владимир Путин бил во право кога се залагал за директен дијалог како единствен начин за намалување на тензиите со Северна Кореја, јави новинската агенција Ројтерс.

Песков на прес-конференцијата им рече на новинарите дека самитот помогнал во намалувањето на тензиите на Корејскиот полуостров, но дека „би било погрешно да се очекува дека сите прашања околу ракетната и нуклеарна програма на Северна Кореја би можеле да бидат решени за еден час“.