Борис Џонсон: Договорот за името е фантастична вест

Борис Џонсон

Шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон, на неговиот Твитер профил го поздрави постигнатиот договор меѓу премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас за спорот за името.

„Фантастична вест е дека премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа договор за прашањето за името. За ова е потребно лидерство и политичка храброст. Ги охрабрувам сите политички лидери во двете земји да ги препознаат бенефитите што ќе ги донесе решавањето на ова долгогодишно прашање“, напиша Џонсон на Твитер.