Коѕијас: Договорот е добар

шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас

„Договорот е добар, опозицијата е лоша“, напиша на неговиот Твитер профил, шефот на грчката дипломатија Коѕијас, коментирајќи го ставот на лидерот на опозициската Нова демакоратија Мицотакис, кој оцени дека договорот е лош и го повика премиерот Ципрас да не го потпише. „Договорот е добар. Лоша е опозицијата. Лошо, не знае историја и вон реалноста е денешното раководство на Нова демократија. Сака да ја подели земјата за да не излезе на виделина внатрешната поделеност во партијата“, напиша Коѕијас.