Баша: Со Рама, Тахири и Џафај Албанија не може во ЕУ

Лидерот на албанската опозиција Љуљзим Баша

Љуљзим Баша, лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, изјави дека „премиерот Еди Рама, поранешниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири и актулениот прв човек на Министерството за внатрешни работи Фатмир Џафај, се главна пречка во интеграцијата на Албанија во ЕУ“.

„​Ако ја сакаме Албанија во Европа, Фатмир Џафај треба итно да се замине. Ако ја сакаме Европа треба да се бориме, а не да ја заштитуваме корупцијата и криминалот, и да ставиме крај на политичката заштита која Рама ја прави за екс-министерот за внатрешни работи Саимир Тахири“, рече Баша.