Чепурин: Крим е Русија, Косово е Србија

Рускиот амбасадор Александар Чепурин

Александар Чепурин, рускиот амбасадор во Белград, во авторскиот текст за весникот Политика, напиша дека постои можност Русија „уште подлабоко се вклучи“ во решавањето на косовскиот проблем, доколку се појават такви предлози и дека Косово е Србија.

„Нашиот став е неизменет. Го поддржуваме она решение кое Србија и српскиот народ ќе го сметаат прифатливо за себе“, вели рускиот амбасадор во Белград.

Тој истакна дека во последно време неоправдано се извлекуваат паралели помеѓу Косово и Крим, бидејќи тоа се „две потполно различни приказни“, со оглед на тоа што Косово се одвои од Србија без почитување на Декларацијата за меѓународно право на ОН од 1970 година, додека пак Крим се одвои во согласност со начелата на оваа Декларација.

„Прашањето за Крим е дефинитивно затворено. Крим е Русија, а Косово е Србија. Тоа не е само парола, тоа е правна реалност која мора да се почитува“, оцени Чепурин во текстот за Политика.