Разговорот Заев - Ципрас закажан за попладне

Денешниот телефонскиот разговор на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, според информациите во Грција, но и според она што на прес-конференција го кажа лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, е закажан за попладневните часови.

Грчките медиуми објаснуваат дека двете страни треба прво да го известат специјалниот претставник на ОН, а фактот што медијаторот Метју Нимиц е во Њујорк и поради временската разлика, телефонскиот разговор е закажан за попладне.

Премиерот Заев денеска оцеени оти вчерашниот разговор со Ципрас бил успешен и дека денес очекува да биде постигнат договор по прашањето за името.