Влада на РМ: Заев и Ципрас разговараа, утре следува уште еден разговор

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска имал 60 минутен телефонски разговор со претседателот на Владата на Република Грција Алексис Ципрас, потврдија од македонската Влада.

"За време на разговорот се дискутираше за преостанатите прашања и беа разгледани неколку идеи за решенија. Во текот на утрешното претпладне ќе следува уште еден телефонски разговор", се вели во соопштението од Владата.

Како што се наведува во соопштението, разговорот се реализирал меѓу 14 и 15 часот по македонско време.