Путин: Рано е да се дискутира за размена на затвореници со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека е премногу рано да се дискутираат детали за можна размена на затвореници со Украина, вклучително и режисерот Олег Сенцов.

Говорејќи денеска на самитот во Кингадо, Кина, Путин на прашања на новинарите одговори дека било разговарано за ова прашање, кое може да значи ослободување на десетици затвореници пред почетокот на Светското фудбалско првенство оваа недела.

„Досега е прерано да се каже како ќе се реши ова прашање“, рече Путин на безбедносниот самит.

Тој додаде оти во овој момент не сака да коментира за нешто да не биде прекршено или нарушено.

Кабинетот на украинскиот претседател Петро Порошенко на 9 јуни соопшти дека тој телефонски разговарал со Путин и оди Порошенко конкретно побарал ослободување на украинските граѓани затворени во Русија кои штрајкуваат со глад.