Мицкоски: Владата да понесе одговрност за лошите економски резултати

Архива: Прес-конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

По катастрофалниот економски раст од само 0.1% на македонската економија во првиот квартал годинава со што државава оствари убедливо најслаб резултат во Европа, и Светска банка направи официјална корекција на проекциите за економскиот раст со што ги намали истите со кој што ќе расте македонската економија, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој вели дека лошите еконосмки резултати значат дека граѓаните осиромашуваат и оти за тоа е потребно да се понесе одговорност од „цунами тројката Заев, Анѓушев, Тевдовски.

„Фијаското во растот на македонската економијата е реалноста во која што живеат граѓаните. Со ваквите прогнози Македонија останува закована на дното во Европа, додека сите други економии без исклучок одат напред“, вели Мицкоски.

Тој наведе дека Светска банка во својот извештај јуни 2018 ја ревидирала оценката и прогнозира дека македонската економија оваа година ќе расте за 0,9% помалку од претходната оценка, односно од 3,2 колку изнесуваше во јануари 2018 година, на 2,3 % колку што изнесува проекцијата во јуни 2018 година.