Рохани и Путин ќе дискутираат за повлекувањето на САД од нуклеарниот договор

Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани и рускиот претседател Владимир Путин ќе дискутираат за повледувањето на САД од нуклеарниот договор потпишан меѓу Иран и светските сили.

Зборувајќи пред денешните разговори со Путин, Рохани рече дека излезот на САД од договорот потпишан во 2015 година, гарантира „важна и сериозна дискусија меѓу двете земји.“

Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец се повлече од, како што го нарече, „ужасниот и едностран договор“ и рече дека ќе ги преиспита економските санкции на САД кон Иран.

Рохани го поздрави „едностраниот и посебен однос“ на Техеран со Москва и рече дека улогата на Русија во спроведувањето на нуклеарниот договор е „важна и конструктивна.“