Австрија затвора неколку џамии, Курц бара и забрана за хиџабот во училиштата

Жени со хиџаб за време на ланскиот протест во Виена против забраната за целосно покривање на лицето

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска најави дека во рамки на капањата за борба против „политичкиот Ислам“, Австрија ќе затвори седум џамии и ќе протера неколумина имам, кои биле „финансирани од странство“.

Одлуката е донесена по спроведената истрага покрената откако во јавноста се појавија фотографии од една џамија во Австија, на која се прикажани момчиња облечени во воени униформи, кои поздравуваат во војнички стил и носат турски знамиња.

Курц, кој важи за жесток критичар на т.н. политички Ислам, предложи и закон за заштита на децата, со кој се забранува девојчиња да носат хиџаб во предучилишните установи и основите училишта.