Ердоган предизборно вети народни кафулиња со бесплатни колачиња

Ердоган на еден од своите предизборни митинзи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во предизборната кампања за предвремените избори на 24 месецов, вети отворање народни кафулиња низ земјата со бесплатни кафе, чај и слатки, објави германската новинска агенција ДПА.

„Млади и стари ќе доаѓаат таму, ќе читаат книги и ќе добијат бесплатно слатки, чај и кафе“, изјавил Ердоган на митинг во Хатај.

Турскиот претседател во март годинава оцени дека кафеаните „не се места за коцкање, туку за читање книги“.