ЕУ одобри 1, 5 милион евра за помош на мигрантите во Босна и Херцеговина

Европската Унија обезбеди 1, 5 милиони евра за хуманитарна помош на бегалците и мигрантите во Босна и Херцеговина, соопшти денеска Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина. Со ова вредноста на вкупната помош на ЕУ за Западен Балкан достигна 30 милиони евра од почетокот на мигратската криза.

Бројот на бегалци и мигранти кои пристигнуваат во Босна и Херцеговина се зголеми и мора да дејствуваме брзо. Сакаме да и помогнеме на Босна и Херцеговина да се избори со оваа ситуација и да им помогне на најранливите бегалци и мигранти, изјави комесарот за хуманитарна помош и управување со кризи Христос Стилијанидис.

Тој додаде дека финансиската поддршка на ЕУ е насочена на основните потреби и итно обезбедување на сместување, храна, здравствена помош и осигурување заштита.