Рускиот претседател Владимир Путин, за време на одговарањето на телфонски прашања од граѓаните, настан што се организира еднаш годишно, рече дека една од целите на неговото претседателствување е да го преполови бројот на Русите кои живеат под линијата на сиромаштија, бројка која во моментов изнесува над 20 милиони луѓе, објави Асошиејтед прес.
„За таа цел на Владата ѝ се потребни 8 трилиони рубли (129 милијарди долари) за да се спроведат мерки за извлекување на луѓето од сиромаштија“, рече Путин.
Тој негираше укинување на рамниот данок на приход како можна мерка и додаде дека „парите ќе мора да дојдат со рационализирање на даночниот систем“.