Американскиот амбасадор во Косово загрижен поради инцидентите против Србите

Американскиот амбасадор во Косово, Грег Делави

Американскиот амбасадор во Косово, Грег Делави, изрази загриженост поради вознемирувачкиот број инциденти против Србите на Косово, велејќи дека ти се неприфатливи. Тој за Радио Слободна Европа рече дека за тоа разговарале на денешниот состанок со косовскиот премери Рамуш Харадинај.

„Јасно е и дека полицијата реагира, тоа е добро, но мислам дека реакцијата треба да се подобри и полицијата повеќе да работи на превенција, отколку да се занимава со тоа само кога ќе се случи инцидент“, рече Делави.