Рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чижов, порача дека Русија сака решение за спорот со името помеѓу Грција и Македонија, јави дописничката на МИА во Брисел.
Чижов на средба со новинарите порача дека „Русија смета дека европската перспектива е димензија на глобализацијата, но оти проширувањето на НАТО е обид да се решат предизвиците на 21 век со средства од 20 век“.
„Нема да аплаудираме ако Македонија стане дел од НАТО“, изјави Чижов.