НАТО ја зголемува подготвеноста поради руската агресивност

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Се очекува министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО утре да дадат зелено светло за новата иницијатива на САД, која ќе ја зголеми подготвеноста на силите на Алијансата во случај на криза во време на постојана загриженост поради руската агресивност во Источна Европа, рече шефот на НАТО, Јенс Столтенберг. Состанокот во Брисел ќе се одржи само пет недели пред Самитот на НАТО.

„Очекувам да се договориме за иницијативата за подготвеност на НАТО „Четири триесетки“, рече Столтенберг на денешната прес-конференција во Брисел.

Тоа значи дека Алијансата до 2020 година ќе има 30 механизирани баталјони, 30 воздухопловни ескадрили и 30 воени бродови подготвени во рок од 30 дена.

Илјадници војници на НАТО се распоредени во Полска и во балтичките држави за одвраќање на Русија. Столтенберг рече дека иницијативата „Четири триесетки“ има за цел поголема координација и поголема мобилност.

„Мора да бидеме подготвени за непредвидливото“, рече Столтенберг.

Тој рече дека НАТО ја модернизира командната структура, а министрите за одбрана ќе треба да потпишат договор за два командни центри – еден за заштита на транспортните линии во Атлантикот, која ќе биде сместена во Норфолк на источниот брег на САД, а другата за координација на движењето на армиите низ Европа, кога ќе биде сместена во градот Улм на југот на Германија.