Матичната собраниска комисија не го усвои Извештајот за работата на Судскиот совет

Архивска фотографија: Прес-конференција претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски во Скопје

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница не го усвои Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2017 година. „За“ Годишниот извештај се изјасни еден пратеник, а седум беа „против“.

Пратениците од владејачкото мнозинство порачаа дека Судскиот совет не ужива легитимитет и повеќе не треба да го води судството и додадоа дека само купува време и се обидува што повеќе да остане актуелната состојба во судството. За извештајот рекоа дека не нуди решенија и само ја констатира состојбата.

Генералниот секретар на Судскиот совет, Анита Андоновска, рече дека судовите во целина во 2017 година работеле ефикасно и ажурно.