СДСМ: Мицкоски не го советувал Груевски бесплатно, добил 2.000.000 денари

Новиот и стариот лидер на ВМРО-ДПМНЕ - Христијан Мицкоски и Никола Груевски

Владејачкиот СДСМ денеска обвини дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во телефонска изјава за еден национален медиум, признал дека земал пари додека бил советник на Никола Груевски, спротивно на она што го тврдеше во дуелот со премиерот Зоран Заев, дека го советувал грувски без надомест.

„Ова негово лично признание, потврдува дека Христијан Мицкоски ги излажа граѓаните. Јавно објавените документи покажуваат дека Мицкоски, додека му бил советник на Груевски, земал пари од Буџетот и тоа ги чинело граѓаните околу 2 милиони денари“, обвини СДСМ.