Столтенберг: Русија да го смени однесувањето ако сака укинување на санкциите

Јенс Столтенберг, Генералниот секретар на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Русија треба да го смени однесувањето за да ѝ бидат укинати санкциите.

„Санкциите се важни, затоа што она што Русија го направи во
Украина води кон последици. Не сакаме да ја изолираме Русија, ја
поздравувам поддршката на Италија за дијалог со Москва“, додаде
Столтенберг на прес-конференцијата пред дводневната средба на министрите за одбрана на Алијансата.

Тој истакна дека НАТО сериозно ги сфаќа разликите кои
се создадоа меѓу САД и ЕУ поради воведувањето увозни царини од
страна на Вашингтон за европскиот увоз на алуминиум и челик.