ОЛАФ: Грција и Унгарија во центарот на милионска измама

Илустрација

Европската служба за спречување измами (ОЛАФ) се сомнева дека Грција и Унгарија се во центарот на повеќемилионска измама со увоз на кинеска облека и обувки со потценета вредност, преку инфраструктурата на новиот кинески „Пат на свилата“.

Измамата со големи размери, во вид на намалување на вредноста на увезената стока поради плаќање помали царини и данок на промет, прво е откриена во Британија, поради што Европската комисија побара од Лондон годинава да уплати 2,7 милијарди евра во Буџетот на ЕУ на име изгубени приходи од ненаплатени царини.

Претставниците на ОЛАФ сега се сомневаат дека истата измама ги зафатила Унгарија и пристаништето Пиреја во Атина, кое од 2016 година е во мнозинска сопственост на кинеската државна компанија Коско.