Во Албанија запленети 671 килограми марихуана

Илустративна фотографија.

Албанската полиција од приморскиот град Валона, кај заливот Карабурун, денеска спречила обид за шверц на голема количина марихуана. Во акцијата запленети се 671 килограми марихуана и 200 литри бензин, чија крајна дестинација требало да биде Италија.