Поддржани измените на Законот за просторно и урбанистичко планирање

Илустрација: Собрание на РМ.

Собраниската комисија за транспорт, врски и екологија на денешната седница го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање, во прво читање, поднесен од пратеници од владеачкото мнозинство, и со шест гласови „за“ и три „против“ заклучи дека е прифатлив и оти треба да се даде на натамошно читање.

Со предлогот, како што истакна Томислав Тунтев од СДСМ, им се излегува во пресрет на барањата на граѓаните кои се соочиле со проблеми при изградбата на објектите и пренамената на земјиштето во однос на завршување на процедурите.

Со предложените измени, потенцира, се овозможува поголема достапност и увид во плановите од страна на сите заинтересирани страни, а со тоа и поголема транспарентност во постапките за донесување на плановите.