Речиси половина од децата во Авганистан не одат на училиште

Илустрација-УНИЦЕФ лого

Околу 3,7 милиони деца во Авганистан не се во можност да одат на училиште поради тековните конфликти, сиромаштијата, дискриминацијата на девојчињата, соопшти агенцијата на ОН за деца УНИЦЕФ. Во извештајот објавен вчера се наведува дека тоа е речиси половина од бројката деца кои би требало да посетуваат училиште односно од 7 до 17 години.

Во него се наведува и посточката дискриминација на женските деца е главен фактор за ваквата голема бројка односно дека девојчиињата се околу 60 отсто од децата што не посетуваат училиште.

Во провинциите Кандахар, Хелманд, Вардак, Пактика, Забул и Орузган тој процент е дури 85 отсто.