Министрите на Г7 го критикуваа САД за новите тарифи за алуминиум и челик

Архивска фотографија-Секретарот за финансии на Соединетите Американски Држави Стивен Мнучин

Секретарот за финансии на Соединетите Американски Држави Стивен Мнучин се соочи со силни критики од министрите за финансии на другите земји членки на Групата 7 индустриски најразвиени земји поради мерката на САД да воспостави нови тарифи за увоз на челик и алуминиум. По состанокот во Канада, домаќинот, канадскиот министер за финансии Бил Морно побара од Мнучин да ги пренесе нивното жалење разочарување од американските акции и загриженоста дека тие не се конструктивни. Неговиот француски колега Бруно ле Маире предупреду дека трговската војна може да почне за неколку дена. Од состанокот на кој учествуваа и министрите на Британија, Германија, Италија и Јапонија, нема испратено заедничко соопштение, на што се гледа како на јасен знак за несогласувањата.