Почна протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата

Митинг пред Владата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 02.06.2018

Почна протестот пред Владата организиран од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, каде вечерва се собираат нејзини симпатизери и поддржувачи.

Повиците за антивладиниот митинг се, како што наведуваат од партијата, поради штетните политики на Владата предводена од СДСМ.

“СДСМ цела година ја враќа Република Македонија назад во секој поглед, економијата е во стагнација, без никаков раст, државата е заробена, судовите работат по диктат, а институциите се злоупотребуваат од власта”.

“Една година СДСМ е една година чемер и јад за граѓаните. Една година СДСМ е една година стагнација, неработа и безидејност. Република Македонија мора да продолжи по вистинскиот пат, СДСМ не е иднината која ја посакуваат граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.